Сите оние што не можат без скијање, сега имаат единствена можност да бидат дел од најстарата скијачка манифестација во Македонија - Шарпланински куп!
За таа цел, во Скопје Сити Мол за вас организиравме забавни активности што не смеете да ги пропуштите доколку сакате да освоите бесплатен превоз за јубилејниот 40-ти Шарпланински куп што ќе се одржи на 23 и 24 февруари. Сè што треба да напаравите е да дојдете во Скопје Сити Мол во сабота и недела од 12 до 18 часот и да ги испробате вашите ски-вештини на специјална игра со симулатор за скијање.
Доколку токму вие сте еден од најдобрите 60 играчи, за вас следува бесплатен превоз за традиционалната скијачка манифестација - Шарпланински куп. Доколку, пак, сте апсолутни победници и сте еден од најдобрите тројца играчи на нашата игра, тогаш за вас дополнително следува и гратис ручек.
Побарајте ги нашите девојки во Скопје Сити Мол, во близина на кафулето Тренд, и тие ќе ви ги објаснат начинот и правилата на игра. Лесно ќе ги препознаете, тоа ќе бидат најубавите девојки таму, облечени како атрактивни Шарпланинки, кои ќе ве водат низ светот на ски-забавата.
Не пропуштајте да дојдете во Скопје Сити Мол и доживејте едно поинакво, незаборавно скијање!