
Миха Кирнер од Словенија е севкупен победник на 40-тото јубилејно издание на Шарпланинскиот Куп, откако триумфираше во двете слаломски трки кои се возеа на патеката Езерино, што заедно со второто место освоено во велеслалом му ја донесе овогодинешната титула.
Второто место севкупно го освои неговиот сонародник Матиц Скубе, кој беше победник во велеслалом, а третото место го освои Никола Чонгаров од Бугарија.
- Се забллагодарувам за добрата организација на двете трки кои се одржаа во многу тешки временски услови. Задоволен сум од победата и од тоа што го добив шарпланинецот Шарко и се надевам дека ќе се вратам и за следните трки тука на Шапка, рече Кирнер.