Грегор Брајовиќ од Словенија е севкупен победник на 39тиот Шарпланински Куп. Во конкуренција од повеќе од 30 натпреварувачи од 12 земји, Брајовиќ триумфираше на двете трки. После повеќегодишно натпреварување на Шарпланинскиот Куп, ова е негова прва победа. Како победник, Брајовиќ добива преоден пехар, куче Шарпланинец како и парична награда во износ од 3000 евра. Наградата на победникот му ја додели Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкулоска.

Повеќе...

На одржаната прес конференција беше објавена листата на натпреварувачи на 39 Шарпланински Куп, на овогодинешниот куп учевствуваат 35 натпреварувачи од 14 земји. Свеченото отворање на 39 Шарпланински Куп е на 24.02.2012 во 15:30 часот пред платото на хотел Попова Шапка.

Повеќе...

Во тек се припремите за организација на 39-тиот Шарпланински Куп. Формиран е Организационен Одбор кој ја усвои програмата на манифестацијата. Оваа година, последниот викенд на Февруари, според горенаведената програма ќе се одржи Шарпланинскиот Куп. Испратени се покани до скијачките федерации по што се очекуваа пристигање на потврдите за учество.

Повеќе...

На 24 февруари 2012 започнува 39-то издание на Шарпланински Куп. За време на викендот ќе бидат одржани 2 трки во машка конкуренција, велеслалом и слалом. И оваа година покровител на натпреварот е Владата на Република Македонија, а директор на натпреварот е скијачката легенда Бојан Крижај.


Легендата живее, Попова Шапка те чека!

Јазик

     

Временска Прогноза

Спонзори








Facebook

Scroll to top