sevkupen-m Во конкуренција од 23 натпреварувачи VELECIC Tomaz од Словенија е севкупен победник на 38. Шарпланински Куп 2011 освојувајќи го преодниот пехар и малото шарпланинче кое традиционално се доделува на победникот, неговото име ќе остане засекогаш во историјата на ова натпреварување. Второто место во севкупен пласман го освои VAJDIC Bernard, исто така од Словенија, додека третото место му припадна на MLINSEK Filip од Словенија.

slalom-m VELECIC Tomaz од Словенијасо време од 01:46:69 е победник на слаломска трка на 38. Шарпланински куп која се возеше на патеката Езерино, веднаш зад него е MLINSEK Filip исто така од Словенија со вкупно време од 01:47:67, додека третото место го зазеде нивниот колега GASPERIN Timi со време од 01:49:50. На 7то место се пласираше најдобриот македонски натпреварувач Антонио Ристевски. Слоламската трка ја завршија 16 натпреварувачи.

gs-malaVAJDIC Bernard од Словенија со време од 02:04:40 е победник на велеслаломската трка на 38. Шарпланински куп која се возеше на патеката Орлова, веднаш зад него е VELECIC Tomaz исто така од Словенија со вкупно време од 02:05:32, додека третото место го зазеде австрискиот скијач Anton Shwab со време од 02:05:82, најдобар домашен натпреварувач е Антонио Ристевски кој го освои 9 место со време од 02:09:41.

Повеќе...

sarplaninskikupПред повеќе од 1000 присутни 38. Шарпланински Куп за отворен го прогласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Шарпланинскиот Куп претставува гордост на зимските спортови во Македонија. Според пријавените учесници 38. Шарпланиски Куп е еден од најсилните.

Учество ќе земат 29 натпреварувачи каде покрај домашните учество се натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Словенија, Шведска, Грција, Србија, Австрија, Словачка, Албанија, и Црна Гора.

Со огромно залагање на организаторите и скијачка легенда Бојан Крижај како директор на натпреварите повторно се враќа сјајот на Шарпланинскиот Куп.

Јазик

     

Временска Прогноза

Спонзори








Facebook

Scroll to top