Миха Кирнер од Словенија е севкупен победник на 40-тото јубилејно издание на Шарпланинскиот Куп, откако триумфираше во двете слаломски трки кои се возеа на патеката Езерино, што заедно со второто место освоено во велеслалом му ја донесе овогодинешната титула.

Второто место севкупно го освои неговиот сонародник Матиц Скубе, кој беше победник во велеслалом, а третото место го освои Никола Чонгаров од Бугарија.

- Се забллагодарувам за добрата организација на двете трки кои се одржаа во многу тешки временски услови. Задоволен сум од победата и од тоа што го добив шарпланинецот Шарко и се надевам дека ќе се вратам и за следните трки тука на Шапка, рече Кирнер.

 

Според техничкиот директор на трката, поранешната словенечка скијачка легенда Бојан Крижај, во овие четири години организацијата постојано напредува.

- Секоја година е се полесно поради искуствата што ги собираме заедно. Се надевам дека 41.издание на Шарпланинскиот куп ќе биде уште подобро, додаде Крижај.

Претседателот на Организацискиот одбор, Димитар Танурков истакна дека покажале оти во организацискиот дел се најподготвени бидејќи во екстремно тешки временски услови како во изминатите два дена успеале да ги организираат и да ги завршат велеслаломските и слаломските трки кои почнувале навреме според програмата.

 

Резултатите од натпреварите:

СЛАЛОМ

ВЕЛЕСЛАЛОМ







Јазик

     

Временска Прогноза

Спонзори








Facebook

Scroll to top